8 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХакирани податоци на три милиони клиенти на UniCredit банка во Италија

Хакирани податоци на три милиони клиенти на UniCredit банка во Италија

Италијанската банка UniCredit во понеделникот објави дека открила хакерска кражба во четири години стар документ кој содржи податоци за околу три милиони клиенти во Италија.

„Тимот за сајбер безбедност на UniCredit идентификуваше инцидент со податоци, кој вклучува документ креиран во 2015 година со затворен сет од приближно три милиони записи“, се вели во соопштението.

Хакерите успеале да присвојат  „имиња, градови, телефонски броеви и адреси на електроснка пошта“, но немаат „никакви банкарски детали кои ќе им овозможат пристап до сметките на клиентот или дозволат неовластени трансакции“, велат од банката.

Хакерската кражба е пријавена во полиција, започната е внатрешна истрага и се стапува во контакт со класична или електронска пошта со клиентите, чии податоци можеби биле компромитирани, соопштија од UniCredit.

Повикувајќи се на извори во полиција, италијанската агенција ANSA објави дека податоците се пренесени на Dark Web и дека се истражуваат евентуалните понатамошни прекршувања на личните податоци. ANSA потсетува дека UniCredit пријави хакерски напад и во јули 2017 година кога е хакирано во податоците на 400.000 клиенти во Италија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП