26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска бензините со повисоки цени

Од денеска бензините со повисоки цени

Цените на ЕУРОСУПЕР 95 и ЕУРОСУПЕР 98 од ноќеска на полноќ се зголемија за половина денар, а дизелот и Екстра лесното масло за домаќинство останаа со непроменети цени.

Со тоа, ЕУРОСУПЕР 95 ќе се продава по цена од 67 денари за литар, а ЕУРОСУПЕР БС-98 по цена од 69 ден/лит.

Според одлуката на Регулаторната комисија, дизелот и понатаму ќе се продава по цена од 62 ден/лит, а малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство сега изнесува 50,50 ден/лит.

Цената на мазутот се намали за 0,122 ден/кг и во следните седум дена тој ќе се продава по цена од 32,832 ден/кг.

Зголемувањето на бензините, како што се наведува во одлуката на Регулаторната комисија, се должи на покачувањето на цената на нафтнените деривати на светските пазари во изминатиот седумдневен период.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП