Утрово мерните станици во речиси сите општини во Скопје покажуваат загадување на воздухот над дозволената граница. Не е подобро ниту во другите градови во државата.
Надлежните се уште без конкретни мерки за да се справат со загаденоста во државата. Од Министерството за животна средина изјавија дека се преземаат мерки. Ресорниот министер, пак, вчера порача дека за решавање на проблемот со загадувањето потребно е време и долгорочни мерки.
Се очекува со намалување на температурите во периодот што претстои, загаденоста да биде повеќекратно зголемена. Македонија секоја година има проблеми со загаденоста, особено во градовите Скопје, Битола, Тетово,Куманово, но загаденостa е присутна и во останатите градови во Македонија.