27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft го победи Amazon во трката за договорот JEDI

Microsoft го победи Amazon во трката за договорот JEDI

Microsoft излезе како победник од возбудливата трка за договор со Министерството за одбрана на САД, надминувајќи го Amazon, соопшти Пентагон, пренесува CNBC.

Според медиумите, тој договор би можел да вреди дури 10 милијарди долари во следната деценија.

Акциите на Microsoft скокнаа три проценти во продолженото тргување по таа објава, а акциите на Amazon се намалија за нешто помалку од еден процент.

Доколку договорот за JEDI (Joint Enterprise Defense Infrastructure) навистина вреди 10 милијарди, тоа за Microsoft ќе значи повеќе отколку што би значело за Amazon.

Microsoft не ги објавува приходите од своите клауд услуги Azure, но се верува дека има помал удел на пазарот од Amazon, кој од својот AWS (Amazon Web Services) заработи девет милијарди долари во третиот квартал.

На почетокот на наддавањето за договорот со Министерството за одбрана, Amazon се сметаше за фаворит, делумно и затоа што AWS го доби договорот со CIA во 2013 година.

Amazon е исто така сертифициран како вршител на услуги на највисоко ниво за безбедност, додека Microsoft само се обидува да се израмни со него.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП