28 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАФранцуски пребарувач му конкурира на Google

Француски пребарувач му конкурира на Google

Qwant_logo

Во Франција пред извесно време официјално беше пуштен нов интернет пребарувач – „Qwant.com“ кој има за цел да стане конкурент на „Google.com“.

Специјалноста кај новиот пребарувач е таа да дава одговори наредени во неколку категории – интернет сајтови, вести-информации, социјалните мрежи и онлајн-трговци, во кои се споменува зборот.

„Човек треба да е луд, за да сака да го замени „Google“. Тоа е невозможно, но ние решивме да направиме нешто поинакво, да понудиме еден поинаков пребарувач, кој не е само пребарувач“, вели Ерик Леандро кој е на чело на компанијата „Qwant“.

Пребарувачот започна да се тестира уште во февруари. Досега бил посетен од 3.5 милиони посетители, кои направиле преку 250 милиони пребарувања.

Засега зад новиот проект стои тим од 20 луѓе, а финансирањето на истиот изнесува 2.8 милиони евра.

Пребарувач се води како француски, бидејќи неговите сервери се со седиште во Франција, а 80 проценти од капиталот се од нејзините француски основачи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП