14 декември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИХалкБанк годинава Златен спонзор на конференцијата за Е-трговија

ХалкБанк годинава Златен спонзор на конференцијата за Е-трговија

ХалкБанк како лидер во дигитализацијата на финансискиот пазар во земјава, истовремено и како еден од најголемите поддржувачи на е-трговијата во Северна Македонија, годинава е Златен спонзор на конференцијата за „Е-трговија“.

Конференцијата, чија тема е „Бизнис раст со е-трговија“, во организација на Македонската асоцијација за е-Трговија се одржува втора година по ред.

Халкбанк во земјава е позната како промотор на технолошките промени и како таква ја има и најдобрата платформа е-комерц за плаќања на пазарот со која, во услови на развој на технологијата и брзината на современото живеење, се олеснува работењето и се овозможува потребите на клиентите да се исполнуваат на брз и едноставен начин. Платформата е-комерц на ХалкБанк придонесува да се зголеми приходот бидејќи преку неа може да се продава 24/7 и исто така дава можност да се нуди поширока  палета на производи.

Втората конференција за е-трговија е со фокус на бизнис растот преку добар менаџмент на е-каналите за продажба. Главниот фокус е на „новиот потрошувач“ и последните алатки со кои се стигнува до тој потрошувач, а кои постојано се менуваат.

На годинешнава конференција излагање на тема „Преглед на пазарот на е-трговија од банкарска гледна точка“ имаше Тина Петкоска, асистент во Дирекција за алтернативни канали на дистрибуција во ХалкБанк.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП