20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобија попуст на авионите: Нискобуџетна авиокомпанија купи 100 Airbus авиони

Добија попуст на авионите: Нискобуџетна авиокомпанија купи 100 Airbus авиони

Американскиот нискобуџетен превозник Spirit Airlines склучи рамковен договор за набавка на 100 Airbus авиони со еден дострел.

Spirit Airlines објави дека потпиша меморандум за разбирање (MOU) со европскиот производител на авиони, кој вклучува комбинација на моделите A319neo, A320neo и A321neo, пренесе CNBC.

По каталошките цени за 2018 година, вредноста на договорот би изнесувала околу 12 милијарди американски долари, но американската авиокомпанија, како што се додава, речиси сигурно преговарала за голем попуст. Планирано е авионите да бидат испорачани до крајот на 2027 година.

Договорена е и специјална опција за купување до 50 дополнителни авиони. Spirit, со седиште во Јужна Флорида, се смета дека за ултра-нискобуџетен превозник кој лета во Америка, а неговата целосна флота е составена од Airbus авиони.

Овој договор претставува значителен успех за Airbus, со оглед на воведувањето на тарифи од страна на Вашингтон за продажба на одредени модели на европската авиокомпанија во Соединетите држави, оценува CNBC.

Не е познато дали Spirit успеал да преговара за било какво олеснување врзано за тарифите, но тоа може да биде и небитно бидејќи Airbus ги прави авионите A320 во државата Алабама.

Акциите на Spirit скокнаа речиси за 5,0 проценти по отварање на берзата во средата, по вестите за договорот со Airbus и информациите дека приходите и добивката по акција на оваа авиокомпанија во третиот квартал ги надмина очекувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП