10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКолкава добивка прокнижи Комерцијална банка заклучно со третиот квартал

Колкава добивка прокнижи Комерцијална банка заклучно со третиот квартал

Во периодот од 01.01-30.09.2019 година Комерцијална банка АД Скопје од своето работење оствари позитивен финансиски резултат во износ од 1.300,6 милиони денари или околу 21 милиони евра и е намалена во однос на истиот период од минатата година кога изнесуваше 1.728,9 милиони денари.

Но, од Банката потенцираат дека помалку остварениот финансиски резултат во тековниот период се должи на два настани кои имаа клучно влијание на структурата на приходите на Банката во истиот период од минатата година. Имено, во текот на првиот квартал од 2018 година беа финализирани интензивните активности на Банката зарешавање на статусот на должникот ФЕНИ – Кавадарци, така што беше склучен и реализиран договор за продажба на побарувањата од ФЕНИ, со што во билансите на Банката беше евидентирано ослободување на исправката на вредност и истото имаше соодветен ефект врз остварениот финансиски резултат. Дополнителен ефект во минатата година имаше и реализираната висока капитална добивка од продажба на преземен имот. Наспроти ова, во тековниот период доминираат приходите од редовни активности и се забележува стабилизирање на нивото на исправката на вредност на финансиските средства и посебната резерва за вонбилансни изложености.

Вкупните приходи од работењето изнесуваат 3.067,6 милиони денари и бележат намалување од 13,3% во однос на истиот период од минатата година.

Оперативните расходи за периодот 01.01-30.09.2019 година изнесуваат 1.202,2 милиони денари и во однос на истиот период од минатата година се минимално намалени за 0,1%% како резултат на намален износ на амортизација.

Во извештајниот период Банката оствари исправка на вредност на финансиските средства и посебна резерва за вонбилансни изложености на нето основа во износ од 560,8 милиони денари. Во истиот период од минатата година беше склучен и реализиран договор за продажба на побарувањата од ФЕНИ, поради што исправката на вредност изнесуваше 234,8 милиони денари.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП