26 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКинезите се поинтересни за Skoda, им подготвуваат нов ексклузивен модел

Кинезите се поинтересни за Skoda, им подготвуваат нов ексклузивен модел

За многу производители на автомобили Кина стана најважен светски пазар.

Skoda ги објави дизајнерските цртежи на Kamiq GT, кој е наменет за купувачите во Кина. Овој кросовер купе е заснован на кинеската верзија SUV Kamiq, а ќе се придружи на малку поголемиот модел Kodiaq GT, кој веќе е во продажба во најнаселената земја во светот.

Иако вистинската слика за ова возило можеме да ја добиеме само од фотографии, со оглед на дизајнерските цртежи некои делови од возилото (како тркалата) се преголеми, јасно се забележуваат детали типични за актуелната генерација на моделите на Skoda.

Kamiq GT има типична маска на Skoda и тенки LED фарови, додека стоп светлата се слични како кај моделот Scala.

Повеќе детали за овој автомобил ќе бидат познати на 4 ноември, за кога е закажана премиерата во Тијанџин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП