16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMcDonald’s потфрли со резултатите

McDonald’s потфрли со резултатите

Кварталната заработка на американскиот синџир за брза храна McDonald’s за прв пат по две години падна под очекувањата на Wall Street, што предизвика акциите на компанијата денес да паднат четири проценти.

Нето добивката на компанијата во третиот квартал падна за два проценти, во однос на 1,61 милијарди долари претходната година, објави агенцијата Reuters.

Компанијата заработи 2,11 долари по акција, потфрлувајќи во однос на очекуваната заработка од 2,21 долари.

Вкупните приходи на компанијата, и во САД и во странство, пораснаа на 5,43 милијарди долари, нешто под очекувањата на аналитичарите од 5,49 милијарди долари.

Продажбата во рестораните во САД, кои се отворени најмалку 13 месеци, се зголеми за 4,8 проценти во третиот квартал, додека аналитичарите очекуваат зголемување од 5,17 проценти, според податоците на IBES кои ги објави Refinitiv.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП