25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИКомпанијата Tesla доби лиценца за започнување на производство во Кина

Компанијата Tesla доби лиценца за започнување на производство во Кина

Американската компанија Tesla доби дозвола за започнување на производство во Кина, откако Министерството за индустрија и информатичка технологија на земјата ја додаде на списокот на одобрени производители.

Цитирајќи ги локалните пазарни аналитичари, Reuters известува дека тоа значи дека Tesla може да започне со производство во најголемата економија во Азија во било кој момент.

На почетокот на октомври, производителот на електрични автомобили објави дека произвел и пласирал на пазарот рекорден број возила.

Tesla од јули минатата година ја гради својата трета “гигафабрика” во Шангај, за која се проценува дека кога ќе достигне целосен капацитет ќе произведува околу 150.000 автомобили годишно.

Инвестицијата вредна две милијарди долари ќе биде прва фабрика за автомобили во Кина која е стопроцентно во сопственост на американски капитал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП