29 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзвршниот директор на Microsoft на милионска плата доби покачување од 66 проценти

Извршниот директор на Microsoft на милионска плата доби покачување од 66 проценти

Сатја Надела, извршен директор на Microsoft, доби покачување од 66 проценти во изминатата фискална година.

Во најновиот финансиски извештај на Microsoft се вели дека Надела добил 43 милиони долари во однос на 25,8 милиони претходната година. Инаку, тоа е бонус кои раководните луѓе од корпорациите го добиваат од акциите.

Неговата редовна годишна плата е 2,3 милиони долари.

Меѓутоа, големиот бонус и понатаму е половина помал од оној кој го оствари во 2014 година кога се искачи на чело на технолошкиот гигант, по заминувањето на Бил Гејтс.

Бидејќи Microsoft таа година под негово водство стана глобална сила во облак услугите, Надела доби бонус пакет од 84 милиони долари.

За споредба, лидерот на Apple, Тим Кук минатата година заработи бонус од 15 милиони долари, примајќи плата од три милиони долари.

Директорот на Google, Сандар Пичаи, прими нешто помалку од 2 милиони долари бонуси, а Џеф Безос од Amazon, инаку најбогатиот човек во светот, ја прима истата плата изминатите 20 години, годишно 81.840 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП