26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААмериканските царини кон ЕУ стапија на сила: Такси за авионите на Airbus,...

Американските царини кон ЕУ стапија на сила: Такси за авионите на Airbus, француските вина и шкотското виски

САД денес воведоа дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди долари на цела низа производи, што е нова трговска офанзива на претседателот Доналд Трамп.

Тој го стори тоа и покрај европските закани за воведување контра мерки.

Царината стапи на сила една минута по полноќ и се однесува, меѓу другото, на авионите на Airbus, француските вина и шкотското виски.

Американската влада пред четири дена доби зелено светло од Светската трговска организација за воведување царини како одговор на субвенциите кои ЕУ ги дава на Airbus.

САД веќе се во трговска војна со Кина, која претставува голем ризик за стабилноста на глобалната економија.

Трамп во средата повторно ги нападна европските земји и ги обвини за нефер однесување и „огромни бариери“ против увозот од САД.

Меѓутоа, тој не ја отфрли можноста за постигнување договор и така да го заврши спорот.

Францускиот министер за финансии Бруно ле Мер, кој се наоѓа во Вашингтон на годишната средба на Меѓународниот монетарен фонд, ја предупреди американската влада дека одлуката за царината ќе има „негативни последици, како економски, така и политички“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП