28 март, 2024
ПочетнаХОРОСКОПДневен хороскоп 16.10.2019

Дневен хороскоп 16.10.2019

 

Овен (21.03 – 20.04)

Следете ги правилата. Денот може да ви започне со неколку вида на проблеми поврзани со поранешни грешки или некое занемарување на правилата. Дејствувајте разумно и не размислувајте за проблемите, внимавајте на постапките. Исполнете го тоа што сте го ветиле.

 

Бик (21.04 – 21.05)

Речиси во текот на целиот ден ќе треба да се занимавате со решавање на домашни или семејни проблеми. Конфликтите ќе бидат помеѓу вашите најблиски па сакале или не, и вие ќе бидете вклучени во нив. Тешко дека ќе остане смирени, барем обидете се да ги средите работите.

 

Близнаци (22.05 – 22.06)

Ќе разговарате, ќе бидете добро расположени и инспиративни, така што ќе ја разбудите својата околина и ќе ја натерате да ви се придружи во своето веселење. Личниот живот ќе страда поради некои работни обврски, но не грижете се – и тоа наскоро ќе се реши. Договорете средба со пријателите кои одамна не сте ги виделе, разговорот со нив ќе ве израдува.

 

Рак (22.06 – 22.07)

Некои проблеми ќе бидат тешко решливи за вас. Највеќе ќе ве мачи помислата дека треба да смислите добра лага пред семејството. Тие во последно време го контролираат секој ваш потег и ги преиспитуваат вашите одлуки. Проблемот е во тоа што забележуваат дека се затворате во себе и не знаат што се случува со вас.

 

Лав (23.07 – 22.08)

Некој ќе се обиде да ја наруши вашата духовна хармонија и да ве налути, но самоконтролата нема да ви побегне од рака. Вие умеете добро да ги контролирате нештата, па ваквите провокации ќе ги сфатите како љубоморен обид на околината да ви наштети. Обидете се да размислувате позитивно.

 

Девица (23.08 – 22.09)

Денес не зборувајте напразно, туку секое ваше тврдење поткрпувајте го со факти. Ќе наидете на личност која ќе ужива да ве негира и провоцира, па ако сте наоружани со потребните аргументи, лесно ќе и ја затворите устата. Ќе имате голема самодоверба и тоа ќе ве направи бестрашни во сите сфери на животот.

 

Вага (23.09 – 22.10)

Некое неисполнето ветување ќе ве демотивира и тоа на непријатен начин. Не обидувајте се да ја отфрлите одговорноста. Најдобра вистинска реакција ќе биде да си ја признаете грешката со насмевка и да се потрудите да ја поправите.

 

Шкорпија (23.10 – 21.11)

Ќе бидете среќни и задоволни. Некој ви помага да се искажете на вистински начин, не отфрлајте го тоа. Го идеализирате партнерот и тоа сосема е погрешно. Занимавајте се со уметност, бидејќи имате нагласена фантазија и креативност.

 

Стрелец (22.11 – 21.12)

Денес конечно ќе соберете смелост и ќе поведете храбри битки. Се разбира, вашата решителност и цврстиот став во клучните моменти ќе ви помогнат да стигнете до посакуваната победа. Единствената мисла која секогаш треба да ја имате на памет е да не ги погазувате сопствените принципи.

 

Јарец (22.12 – 20.01)

Не секогаш работите завршуваат добро ако започнат добро, независно што велат филмовите. Денес бидете винимателни , и не идеализирајте ниту настани, ниту пак луѓе. Доаѓа период во кој ќе мора да бидете многу внимателни. Околината е разочарана од вашите постапки.

 

Водолија (21.01 – 19.02)

Кратко патување и маргинална службена манифестација. Ќе имате недостаток на време, но тоа нема да предизвика речиси никакви емоции, освен можеби блага досада. Но, бидете спокојни -тоа ќе трае кратко.

 

Риби (20.02 – 20.03)

Бидејќи вербално во толкава мерка се испразнивте, носите одлука да бидете помили и поодмерени во комуникацијата со околината. Немате време за губење, зашто новата работа и инвестициите премногу ве окупираат за да се посветите само на тоа. Другите работи се во втор план. Но, сепак внимавајте на вашето однесување со околината, премногу сте емотивни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП