Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,031.58 -0.23%    GRNT 1,010.00 0%    KMB 5,978.25 0.19%    MTUR 5,350.00 0%    STB 1,160.00 0%    TETE 2,350.00 2.17%    TNB 16,400.00 0.03%    TTK 1,503.00 2.95%    

Дигитализацијата на вашиот бизнис е вистинско „оружје“ во борбата против конкуренцијата

Време: 14:33

Датум: октомври 15, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Развојот на технологијата ги смени нашето секојдневие и начинот на живот, но и начинот на водење бизнис. Се менуваат деловните процеси, структурата и на човечките ресурси, конкурентноста на една компанија, воопшто нејзиниот развој.

Веќе не се поставува прашањето дали треба да ги инкорпорираме новите дигитални услуги, туку колку брзо и какви сѐ напредни инфрастуктурни решенија и услуги ќе користиме.

Само така ќе го подобриме севкупното работење, работните процеси и операции, ќе ги намалиме трошоците и ќе ги зголемиме перформансите, а со тоа нашиот бизнис ќе биде поконкурентен на пазарот, а услугите подостапни и полесно прифатливи за корисниците.

„Технологијата овозможи луѓето да добиваат информации и да комуницираат многу побрзо од порано. Напредната технологија отвори можности кои засекогаш го променија начинот на кој се води бизнис. Технологијата отвори неограничени перспективи, независно од тоа од каде потекнувате, каков е вашиот професионален бекграунд или искуство. Технологијата може да биде  добра или лоша зависно од корисникот, зависно од тоа дали и како ќе ги искористите нејзините потенцијали”, изјави Тим Кук, извршен директор на Apple, во интервју за документарниот сериски филм Аксиос.

Технологијата го промени начинот на водење бизнис и во нашата земја. Таков е и примерот со компаниите Тинекс, Тиквеш и Еуролинк осигурување, кои користат напредни инфрастуктурни  услуги и решенија од Македонски Телеком, кои скапата и неефикасна ИТ инфраструктура ја заменија со иновативни дигитални решенија, обезбедувајќи непречена работа на својот бизнис, намалување на трошоците и поголема ефикасност. Некои од услугите кои ги користат се:  виртуелен диск за безбедно чување на податоците, што им овозможува целосна приватност и достапност од каде било и во кое било време, дата хостинг центар, виртуелен приватен сервер…и многу повеќе…

Технологијата има огромно влијание на бизнисите. Какво ќе биде, зависи од тоа колку брзо ќе ги прифатите промените. Едно е сигурно, комуникациската технологија оди и ќе оди напред.  На претприемачите останува да решат дали сакаат и понатаму нивните компании да останат во игра на постојано растечкиот пазар.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

    Најголема инвестиција во историјата на компанијата: Гигантот за дигитални плаќања го проширува бизнисот

    Од компанијата PayPal објавија дека планираат да ја купат Honey, компанија која прави додатоци за веб пребарувачи по цена од 4 милијарди долари. Ова ќе…

  • Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

    Грешка што нема да се повтори: Изгубиле 12,6 милиони долари поради попуст во сендвичите

    Burger King, еден од најголемите брендови во САД, даде еднократен попуст на клиентите, со што изгубија милиони долари. Сепак, експертите советуваат дека е вистинско време…

  • Дебито на Хонкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари!

    Дебито на Хонкошката берза ќе и донесе на Alibaba 12,9 милијарди долари!

    Побарувачката за акции на кинеската компанија за онлајн трговија Alibaba достигна околу 12,9 милијарди американски долари на иницијалната јавна понуда на Хонкошката берза, објави Reuters.…

  • Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

    Бимилк организираше посета на краварска фарма за децата со оштетен слух и говор

    По повод Светскиот ден на детето, кој се прославува на 20 ноември, Бимилк организираше изненадување и незаборавно искуство за децата од Заводот за рехабилитација на…

  • АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

    АМ Бест ја потврди бонитетната оценка »A« со стабилна среднорочна прогноза за Групацијата Триглав

    Агенцијата за кредитен рејтинг АМ Бест, по редовната годишна ревизија, на Заваровалница Триглав и Позаваровалница Ре повторно им ја потврди бонитетната оценка на финансиска моќ…

  • Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

    Овие се топ 10 компании кои најмногу ги загадуваат океаните

    Пластиката полека влезе во нашите животи. Шишиња, сламки, пакување за овошје и зеленчук, кеси во продавници – се чини дека е неизбежна. Како што полека…

  • ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти

    ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти

    Секторот за санитарна контрола на ЈП Водовод и Канализација – Скопје продолжува со реализација на едукативно-информативните средби за децата од различни возрасти, со цел запознавање…

  • ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

    ИутеКредит – Најповолно микрокредитирање според најновите истражувања и анализи во 2019

    Брзината во пристапот до финансиски средства е се поголем приоритет кај граѓаните, а доволен показател за тоа е и бројот на финасиски друштва кој се…

  • EasyJet повторно започнува продажба на пакет аранжмани

    EasyJet повторно започнува продажба на пакет аранжмани

    Британската нискобуџетна авиокомпанија easyJet во вторникот објави дека на клиентите повторно ќе им понуди туристички пакет аранжмани, со цел да се пополни празнината создадена од…

  • Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбул, Австрија“

    Голема наградна игра на НЛБ Банка: „Поинакво зимско доживување со Mastercard haPPy во Кицбул, Австрија“

    НЛБ Банка во периодот од 16.11.2019 до 30.12.2019 година организира наградна игра за сите корисници на НЛБ Mastercard haPPy кредитните картички во која еден среќен…