20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИDeutsche Bank призна дека во 2002 година ги поткупувала кинеските власти

Deutsche Bank призна дека во 2002 година ги поткупувала кинеските власти

Deutsche Bank давала скапи подароци на кинеските власти кога се обидуваше да се наметне како главен играч во финансиската индустрија во Кина, пренесуваат медиумите.

Германски Süddeutsche Zeitung и New York Times велат и дека таа банка вработувала деца на кинески политичари и нивните економски елити.

Во соопштението на Deutsche Bank по тој повод се вели дека станува збор за настани кои датираат од 2002 година и се однесувале на тоа време.

Банката додаде, без дополнително објаснување, дека „само идентификувала, темелно истражувала и пријавила на надлежните одредено однесување“.

Независно од тоа, банката објави дека до крајот на годината ќе престане да прави трансфери на пари за банки во Малта поради можно „перење пари“ на тој остров.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП