25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen се откажа од изградбата на фабрика во Турција

Volkswagen се откажа од изградбата на фабрика во Турција

Германскиот производител на автомобили Volkswagen (VW) се откажа од одлуката за изградба на нова фабрика во Турција, поради воената акција на Анкара во Сирија.

„Во такво опкружување не може да има одлука во корист на таа земја“, велат од групацијата. Неименуван портпарол додава дека VW ја следи состојбата со голема загриженост, пишува германскиот весник Handelsblatt.

VW со месеци анализираше каде во југоисточна Европа да гради нова фабрика, и одлуката во корист на Турција беше речиси сигурна.

На тоа укажуваше и тоа што групацијата веќе во трговскиот регистар внесе фирма ќерка во таа земја.

Новиот погон, кој би требало да вработи до 4.000 луѓе, според планот требаше да биде изграден во близина на Измир, а инвестиција би била помеѓу 1,2 и 1,5 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП