Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,903.09 0%    GRNT 951.88 -0.54%    KMB 5,999.03 0.13%    MPT 65,000.00 0.04%    OKTA 3,153.00 0%    RZUS 50.00 0%    SBT 2,600.00 8.29%    STB 1,070.00 1.42%    STIL 77.00 -1.28%    TEL 320.00 0%    TNB 16,350.00 -0.61%    TTK 1,282.00 9.57%    

МИ-ДА Гранд Моторс на нова, модерна локација и со нова понуда

Време: 11:32

Датум: октомври 14, 2019

Категорија: КОМПАНИИ

Новиот дом на Ford Македонија по премиум стандарди

Овластениот импортер и сервисер на возилата од марката на Ford, МИ-ДА Гранд Моторс, започна со работа на својата нова локација, во комплетно нов, атрактивен продажно-сервисен објект, кој воедно е и еден од најмодерните објекти во нашата земја.

Новиот дом на Ford Македонија е направен по премиум стандарди на вкупна површина од 9600 м2, од кои затворен објект на 2640 м2 и располага со Ford салон од 450 м2 каде сите потенцијални сопственици ќе може да се запознаат со најновите модели и технологии на Ford, како и Ford сервис од 1300 м2 каде веќе-постоечките сопственици на Ford ќе добијат висококвалитетни сервисни услуги по врвни стандарди.

„ Отворањето на овој објект се совпаѓа со 25-годишнината од присуството на Ford во Македонија и преселувањето на нова локација не значи само преселба на возилата и инвентарот, ниту значи единствено нови канцеларии за нашите вработени. Тоа е всушност согласно деловната стратегија на групацијата, која е во насока на континуиран раст, ефективно работење и подобрување на нашите услуги, па убеден сум дека и нашите сегашни и идни клиенти ќе го препознаат нашиот стабилен чекор напред. Оттука, возбудлив и остварлив Ford кој овозможува профитабилен раст за сите е всушност и дел од мисијата на МИ-ДА Гранд Моторс и верувам дека со оваа нова локација, ќе успееме омилениот Ford да го направиме и подостапен за сите“, изјави Дритон Заири, генерален директор на Ford Македонија.

Новата локација на Ford Македонија се наоѓа на ул. „Босна и Херцеговина“ бр. 1, односно на крстосницата со Булевар „Словенија“, а покрај Ford салонот и сервисот, истата располага и со модерно опремено и пространо приемно одделение и паркинг за над 100 места. Во склоп на новиот објект ќе почне да функционира и брендот за користени возила „Аутото“, со кој се овозможуваат одлични услови за набавка на половни возила, како и гаранција до 1 година.

Истовремено, по повод на отворањето на новиот објект и 25 годишното присуство на пазарот, компанијата ја најави и својата најнова кампања Home Sweet Ford, која овозможува големи попусти и подароци за сите потрошувачи, а трае сѐ до крајот на 2019 година.

Во рамки на кампањата, за сите возила достапни на залиха, следуваат попусти од најмалку 15%, зависно од моделот, а за одредени модели следуваат и подароци како зимски гуми, каско осигурување, кровни носачи и сл. За корисниците на сервисните услуги на Ford, исто така следуваат бројни подароци и изненадувања.

 

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

    Банкротираше бренд кој траеше 2 века и облече 40 претседатели

    Brooks Brothers, продававница за машка облека која постои веќе 200 години и која облече 40 американски претседатели, поднесе барање за банкрот. Познат е и како…

  • А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    А1 Македонија продолжува со подароци за своите корисници

    Новите активации на Е-сметка можност за освојување на електричен велосипед Електронските услуги и процесот на дигитализација кои станаа наше секојдневие, се поттик повеќе за А1…

  • Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

    Коронавирусот го зголемува корпоративниот долг за рекордни 1 трилион долари во 2020-та (ИНФОГРАФИК)

    Компаниите ширум светот оваа година ќе го зголемат својот долг до 1 трилион долари во обид да ги стабилизираат своите финансии среде пандемијата на коронавирус.…

  • Договор вреден 850 милиони долари? Две конкурентски компании преговараат за соработка

    Договор вреден 850 милиони долари? Две конкурентски компании преговараат за соработка

    Јужнокорејскиот конгломерат Samsung Electronics започна преговори со ривалската компанија LG за купување на LCD ТВ екрани. Samsung и LG започнаа преговори среде најавената транзиција кон производство…

  • Маск не се откажува од новата фабрика во Германија – работа за 10.500 работници

    Маск не се откажува од новата фабрика во Германија – работа за 10.500 работници

    Во фабриката на Tesla во Германија, за која се подготвува градилиште во Грунхеиде, ќе бидат вработени 10.500 работници, а ќе се произведуваат со полн капацитет…

  • Купувајте домашно: Вашето омилено Grand кафе се произведува во Македонија!

    Купувајте домашно: Вашето омилено Grand кафе се произведува во Македонија!

    Пиењето на свежо мелено кафе отсекогаш била култна рутина на овие простори. Бесценет момент, без разлика колку е тој брз или краток! Кафето наутро не’…

  • Google инвестира скоро милијарда долари во економското закрепнување на Италија

    Google инвестира скоро милијарда долари во економското закрепнување на Италија

    Google во наредните пет години ќе инвестира повеќе од 900 милиони долари за да и помогне на Италија во економското закрепнување поради кризата предизвикана од…

  • Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

    Како поседувањето сопствен дом ќе ви помогне за подобра финансиска стабилност?

    „Речиси 10 години со моето семејство живеевме под кирија. Како е да се биде закупец знаат само оние што тоа го имаат искусено – селење…

  • Макпрогрес Виница со нова инвестиција во производство на житни барови!

    Макпрогрес Виница со нова инвестиција во производство на житни барови!

    Макпрогрес доо Виница со нова инвестиција и проширување на продуктното портфолио со линија за производство на барови. Технологијата е развиена од тимот на технолози на…

  • Сопственикот на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

    Сопственикот на Zara поседува недвижнини вредни 15,2 милијарди евра

    Сопственикот на светскиот ланец на продавници Zara, Амансио Ортега, се посвети на бизнисот со недвижнини, чија вредност е проценета на милијарди евра. Според американското деловно…