27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТретиот најбогат човек во светот за еден ден заработи 5,1 милијарди долари

Третиот најбогат човек во светот за еден ден заработи 5,1 милијарди долари

Бернар Арно, претседател и извршен директор на LVMH групацијата, во чија сопственост се 75 луксузни брендови, вклучувајќи ги Dior, Louis Vuitton и Hennessy, во еден ден заработи 5,1 милијарди долари.

Откако минатата среда беше објавено дека продажбата на LVMH се зголеми за 17 проценти, цената на акциите на компанијата скокна за 5,6 проценти и богатството на Арно се лансираше на 99 милијарди долари.

Според Forbes, парискиот конгломерат најголем раст на продажбата забележа во Хонг Конг, и покрај протестите кои се одржуваат во тој автономен кинески град. Во последниот квартал продажбата порасна за 12 проценти, претежно козметика. Од компанијата забележуваат дека тоа може да се препише на неодамна отворената продавница Sephora во Хонг Конг.

Арно во април стана третиот најбогат човек на светот. Пред него се наоѓа најбогатиот човек на светот Џеф Безос од Amazon, чие богатство се проценува на 107 милијарди долари, и Бил Гејтс од Microsoft со 105 милијарди долари.

„Лансирањето на производите сега мора да биде глобално за да бидеме успешни. Тоа бара и поголема инвестиција. Тоа што LVMH најдобро го прави е создавање нови производи и нивна продажба низ светот“, изјави Арно за Forbes во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП