19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи? УЈП ја објави најновата Листа на должници бр.10/2019

Кој колку должи? УЈП ја објави најновата Листа на должници бр.10/2019

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.10/2019 за долгови доспеани до 30.06.2019 и неплатени до 30.09.2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

На Листата на должници бр.10/2019 објавени се 1,995 должници – правни лица (повеќе за 16 од претходната листа) и 2.520 физички лица (помалку за 66 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.10/2019 изнесува 10.114.683.435 денари, помалку за 84.458.111 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 9.973.012.126 денари (помалку за 85.793.289 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 141.671.309 денари (повеќе за 1.335.178 денари од претходната листа).

Комплетната Листа на должници можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП