
САД и Кина се многу блиску до крај на трговската војна, изјави американскиот претседател Доналд Трамп по средбата со кинескиот вицепремиер Лиу Хео во Вашингтон. Трамп додаде дека САД и Кина постигнале значајна прва фаза од трговскиот договор, постигнувајќи договор за интелектуалната сопственост, финансиските услуги и големите земјоделски набавки.

