Пребарувачот за компјутер Opera, најави нова верзија на својата програма која ќе има вградена заштита од следењење за сите корисници. Оваа можност и опција ќе им отежни на маркетерите да ве следат при вашето пребарување на интернет и да соберат податоци, што освен помалку ќе ги нервира самите корисници, како главна придобивка ќе биде зголемената брзина на пребарување на интернет.
Со ажурирањето на Opera на верзијата 68, би требало да го забрзате вашето сурфање на интернет и вчитување на страницата за 23 проценти. Сепак, новата функција е исклучена по дифолт, така што оние што сакаат да ја испробаат сепак ќе треба да направат некој клик повеќе.
И програмерите кои стојат зад оваа апликација велат дека оваа опција секој треба да ја држи уклучена постојано, не само заради брзината, туку и заради проблемите со приватноста.