20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНов пропуст: Twitter ги користел телефонските броеви на корисниците за рекламни цели

Нов пропуст: Twitter ги користел телефонските броеви на корисниците за рекламни цели

Twitter им се извини на корисниците бидејќи „ненамерно“ ги користел во маркетинг цели телефонските броеви и електронските адреси кои се запишани поради заштитa на акаунтите.

„Неодамна откривме дека кога сте впишале електронска адреса или телефонски број од безбедносни причини, на пример поради двојната верификација на идентитетот, овие податоци можеби се ненамерно користени за рекламни цели“, се вели во соопштението на социјалната мрежа.

Twitter објави дека овие информации се користени во системот за рекламирање на оваа мрежа, што им овозможи на компаниите да таргетираат реклами врз основа на листите за маркетинг.

Кога еден огласувач ја објавил својата маркетинг листа, утврдено е дека некои корисници се совпаѓаат со списоците со луѓе кои поради безбедност ги внеле своите електронски адреси или телефонски број, објави агенцијата DPA.

– Ова беше грешка и се извинуваме – објави Twitter, додавајќи дека „не може со сигурност да каже колку лица се опфатени“.

Компанијата со седиште во Сан Франциско истакна дека податоците не биле споделени надвор и дека прашањето е решено од 17 септември.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП