недела, јануари 24, 2021
6 °c
Skopje
4 ° нед
1 ° пон
-2 ° вто
  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум
Денар
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ
Нема резултати
Види ги сите резултати
Денар
Нема резултати
Види ги сите резултати
ALK 13,712.70 -0.34%    BESK 6,100.00 0.81%    GRNT 1,147.49 -1.02%    KMB 7,670.00 -0.32%    KPSS 350.00 -21.35%    MPT 74,000.00 0.63%    STB 1,173.28 0.51%    TEL 319.00 -0.02%    TNB 18,800.00 0.03%    TTK 1,400.00 -1.41%    
Почетна КОМПАНИИ

Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар

октомври 9, 2019
во категорија КОМПАНИИ, НАЈНОВИ ВЕСТИ
A A
Еуростандард Банка ја воведува првата припејд подарок-картичка на нашиот пазар
1
ПРЕГЛЕДИ
Сподели на FacebookСподели на LinkedInСподели на Twitter

За прв пат во земјата, Еуростандард Банка АД Скопје воведува нова Mastercard PrePaid подарок-картичка која со своите карактеристики и можности е уникатна и единствена картичка од ваков тип на нашиот пазар.

Истата може да се купи на сите шалтери на Еуростандард банка и нуди можност за неограничено надополнување средства, така што претставува незаменлив подарок за секого во секоја прилика.

За секој бесценет момент во животот исполнет со среќа и радост, како на пример раѓање на дете или роденден, матурска или дипломска прослава, венчавка, одење во заслужена пензија, бонус за вработени или пак некаков празник, и сте во недоумица што да им подарите на вашите ценети и блиски, отсега го имате вистинскиот подарок, со уплата на паричен износ кој купувачот на картичката сам го одредува.

Таа не е персонализирана, односно на пластиката не се печати име и презиме на корисникот на картичката, па така можете да ја подарите било кому. Минималниот износ кој може да се уплати изнесува 1.000 денари, додека максималниот до 30.000 денари.

Овој иновативен производ досега беше присутен само на пазарите надвор од нашата земја, во регионот и пошироко со карактеристики и начин на користење препознатлив за секоја банка поединечно, како докажан, едноставен и функционален производ.

„Креирањето на иновативни банкарски производи и услуги според желбите и потреби на нашите клиенти е вкоренето во стратегијата на Еуростандард Банка АД Скопје. Настојуваме постојано да сме во чекор со новите трендови што ги наметнува пазарот на капитал, па така и природно се јавува потребата за воведување на нови и модификација на постоечките производи, пред сѐ во делот на малопродажбата. Со своите карактеристики и можности кои ги нуди новата Mastercard PrePaid Gift картичката на Еуростандард Банка АД Скопје, таа е уникатна и единствена на пазарот во Македонија и веруваме дека со овој нов производ не само што се подобрува атрактивноста како и изборот на понудата во Еуростандард банка, туку и во земјата воопшто“, изјавуваат од Еуростандард Банка АД Скопје.

Новата Mastercard PrePaid подарок-картичка може да се користи за плаќање стоки и услуги на сите продажни места во земјата и во странство, како и за купувања на интернет, па оттука, претставува извонредна можност за патувања, но и за подолги престои надвор од местото на живеење, а особено е погодна за ученици и студенти. Дополнително, со картичката може да се подигнува и готовина на сите банкомати на Еуростандард во земјата, без никаков надоместок.

Надополнувањето може да се врши во експозитурите и на шалтерите на банката преку електронско и мобилно банкарство, но и од други банки во земјата.

Нејзини дополнителни карактеристики се бесплатна услуга за известување за секоја авторизирана трансакција преку СМС-сервисот на банката и бесплатно користење на услугата 3D Secure за трансакции на интернет, а Mastercard PrePaid Contactless картичката со можност за надополнување има важност од 3 години со еднократен надоместок при купување од 250 денари, без какви било дополнителни надоместоци во следните 3 години.

Тагови: банкаеуростандардкартицапоклонприпејд
СподелиСподелиТвитни

Коментари

Претходна Објава

Американците до работа патуваат 225 часа годишно

Следна Објава

Анализа: Македонија веќе се соочува со недостиг на стручен кадар

ПРОЧИТАЈ ИНФОРМАЦИЈА ПОВЕЌЕ

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели
ТЕХНОЛОГИЈА

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
86

Apple ги намали нарачките од добавувачите за најевтиниот модел на новата генерација на iPhone 12 mini, но ги зголеми нарачките...

Прочитај повеќе
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)
АВТОБИЗ

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
276

Американецот Дастин Порие го победи Ирецот Конор Мек Грегор во главната рунда на УФЦ 257 во Абу Даби. Пори го...

Прочитај повеќе
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока
ЕКОНОМИЈА

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
126

Трошоците за испорака на стоки од Кина во Европа се зголемија повеќе од тројно во последните осум недели, достигнувајќи рекордно...

Прочитај повеќе
„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)
АВТОБИЗ

„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

јануари 24, 2021
142

Пред пет години, кинескиот производител „Great Wall“ објави дека го создава премиум брендот „Wey“. Тој започна со неколку модели, но...

Прочитај повеќе
„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“
ТЕХНОЛОГИЈА

„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

јануари 24, 2021
148

Откако „Huawei“ ја продаде својата поделба „Honor“, брендот сега може самостојно да развива и да соработува со американски компании, а...

Прочитај повеќе

НАЈНОВИ ВЕСТИ

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

И во Apple се изненадени: Слаба побарувачка за најевтиниот iPhone, корисниците ги бараат поскапите модели

јануари 24, 2021
Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

Порие го нокаутира Мек Грегор во главната борба на УФЦ турнирот (видео)

јануари 24, 2021
Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

Тројниот пораст на транспортот меѓу Европа и Кина го загрозува снабдувањето со стока

јануари 24, 2021
„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

„Great Wall“ претстави премиум кросовер за Европа (ВИДЕО)

јануари 24, 2021
„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

„Honor“ работи на нова линија на телефони, кои ќе имаат услуги на „Google“

јануари 24, 2021

НАЈЧИТАНИ ВЕСТИ

  • Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    Од „Игра на тронови“, сончање со Путин до патување со Тито – како Берни Сандерс го освои интернетот

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Убива 50 болести: Додадете го овој зачин во чајот и ќе го добиете најсилниот лек

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Што предвидуваа луѓето пред 100 години, како ќе биде во 2021 година?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Вистини и заблуди за газираната вода: Дали таа е навистина толку лоша за здравјето?

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0
  • Со овие броеви освоил повеќе од милијарда долари на лотарија

    0 споделувања
    Сподели 0 Твитни 0

ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021
ХОРОСКОП

Викенд хороскоп 23-24.01.2021

јануари 23, 2021
1.5k
Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021
НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП

Неделен хороскоп 18.01.2021 до 24.01.2021

јануари 18, 2021
4.6k
Следна Објава
Анализа: Македонија веќе се соочува со недостиг на стручен кадар

Анализа: Македонија веќе се соочува со недостиг на стручен кадар

Денар

  • Маркетинг
  • Контакт
  • Импресум

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани

Нема резултати
Види ги сите резултати
  • ПОЧЕТНА
  • ЕКОНОМИЈА
  • КОМПАНИИ
  • КАРИЕРА
  • ТЕХНОЛОГИЈА
  • ИНТЕРВЈУ
  • СПОРТБИЗ
  • АВТОБИЗ
  • ЗДРАВЈЕ

Денар Медиа 2011 - 2021 © Сите права задржани