19 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИSony ќе го претстави PlayStation 5 за празниците во 2020 година

Sony ќе го претстави PlayStation 5 за празниците во 2020 година

“Sony” објави дека лансирањето на новиот Playstation 5 ќе биде за празниците во 2020 година. Оваа информација е откриена на блогот на „PlayStation“.

Исто така, откриено е дека контролите ќе имаат две нови карактеристики – haptic feedback и adaptive triggers. Исто така, ќе има USB-C порт за полнење, а батеријата со поголем капацитет  ќе ги направи самите џојстици малку потешки. Сепак, се наведува дека сè уште ќе бидат полесни од џојстиците на Xbox One.

Wired пишува дека двете иновативни можности на џојстиците ќе имаат висока можност за програмирање и ќе можат да се користат во игри на различни начини. “Haptic feedback” ќе влијаат на моторите во левиот и десниот дел на џојстикот и ќе имаат големо влијание врз впечатокот за движење на вашиот карактер со работата на тие мотори. Adaptive triggers на ист начин ќе го пренесуваат впечатокот од затегнувањето стрели во игрите или повлекување на пиштолот. Претходните гласини за “ray tracing “технологијата кои говорат дека ќе бидат дел од конзолата PS5, се чини дека содржат одредена вистина, бидејќи овие информации се потврдени, но се додава дека технологијата ќе биде дел од хардверското решение и ќе биде вклучена во новата конзола на Sony.

Сега е познато дека PS5 ќе продолжи да користи оптички дискови со капацитет до 100 GB, и дека овие дискови ќе можат да пуштаат 4k Bluray содржина. Инсталирањето на игри од дискови ќе биде задолжително. Како и да е, Sony допрва треба да коментира за изгледот на конзолата, така што ќе треба да почекаме до следното истекување фотографии на интернет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП