26 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIPhone 11 се продава повеќе отколку што Apple може да произведе

IPhone 11 се продава повеќе отколку што Apple може да произведе

Новата генерација на iPhone телефоните се продава толку добро што Apple не постигнува да ги задоволи барањата на пазарот ширум светот, се вели во најновиот извештај.

Компанијата поради тоа одлучи да го засили производството на моделите iPhone 11 и iPhone 11 Pro.

Nikkei известува дека Apple од добавувачот веќе барал да го засили производството за 10 проценти, а извори блиски на оваа тема тврдат дека ова ќе претставува зголемување од приближно осум милиони примероци на телефонот.

Она што е важно да се напомене е дека прилагодувањето на производството важи за сите iPhone модели, а не само за новото семејство, иако iPhone 11 и iPhone 11 Pro ќе имаат најголем придонес од ова зголемено производство.

Во извештајот, исто така се споменува и дека ќе биде намалено производството на моделот iPhone 11 Pro Max, бидејќи повеќето нарачки одат на другите два модела.

Apple веќе не ги објавува своите резултати од продажбата, но врз основа на податоците за малопродажба, аналитичарите сметаат дека iPhone 11 се продава подобро од првичното очекување.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП