24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPayPal го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra

PayPal го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra

Компанијата PayPal објави дека го напушта проектот на Facebook за криптовалутата Libra, по веста дека неколку компании размислуваат да ја повлечат првичната поддршка за таа криптовалута.

Paypal во соопштението наведе дека ја напушта Libra Association, непрофитно раководно тело кое управува со криптовалутата Libra, истакнувајќи дека и понатаму ги поддржува напорите на Libra, но дека во моментот сака да се фокусира на својата работа.

Тоа ќе создаде нови проблеми за проектот на Facebook, откако финансиските власти, особено во Европа, со неверување ги дочекаа вестите за лансирањето на криптовалутата.

Засега не е целосно јасно зошто PayPal го напушти проектот Libra, но пред неколку дена е објавено дека неколку компании, како што се Viza и Mastercard, имаат резервиран став по прашањето за криптовалутата, откако банките и владите ширум светот почнаа да се сомневаат во проектот.

Одговарајќи на одлуката на PayPal, Данте Дисперте, шеф на политиката и комуникациите во Libra Association, истакна дека секоја организација која „го започнала ова патување“ мора да ги преиспита сопствените ризици и награди кои одат заедно со промените кои Libra ги ветува.

Иако оваа одлука на PayPal е значителен удар за Libra Association, двете компании би можеле повторно да се обединат во иднина ако се подобри регулаторната состојба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП