26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката гасне 10.000 работни места: Отказ ќе добијат оние што се на...

Банката гасне 10.000 работни места: Отказ ќе добијат оние што се на највисоките позиции

Британскиот HSBC Holdings сака да исклучи до 10.000 работни места, бидејќи привремениот извршен директор Ноел Квин се обидува да ги намали трошоците на банкарската групација.

Овој план претставува најамбициозен обид на британскиот заемодавател за намалување на трошоците.

Укинувањето на работните места главно ќе биде фокусирано на високите платени позиции.

HSBC би можел да го објави почетокот на намалување на трошоците и гасењето на работните места подоцна овој месец, кога ќе ги објавува деловните резултати од третиот квартал.

Квин стана привремен извршен директор во август оваа година, откако HSBC го објави неочекуваното заминување на поранешниот шеф Џон Флинт, изјавувајќи дека на банката и е потребна промена на врвот за да се справи со „предизвикувачкото глобално опкружување“.

Од HSBC одбија да коментираат по повод пишувањата на медиумите за отпуштање до 10.000 вработени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП