14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЛимак, изведувачот на комплексот „Diamond of Skopje“, рангиран на 67-мо место помеѓу...

Лимак, изведувачот на комплексот „Diamond of Skopje“, рангиран на 67-мо место помеѓу најдобрите градежни компании во светот

Изведувачот на грандиозниот проект „Diamond of Skopje“, Limak Construction, беше рангиран на 67-мо место на листата на 250 најдобри градежни компании од светот. Со исклучително високиот ранкинг, Limak уште еднаш го потврди своето интернационално влијание, кое го заработи со градењето на елитни инфраструктурни и суперструктурни проекти од највисок стандард.

Листата е прифатена како глобален стандард, ја објавува престижниот магазин Engineering News Record (ENR) и е посветена на светската градежна индустрија, а се подготвува врз основа на приходите остварени од проектите во странство, динамиката на изведба и навременоста на реализираните проект, како и нивното севкупно глобално значење. Самиот ранкинг е доказ за градежното реноме на Limak Construction, a дополнително, таа е доказ дека компанијата е сериозен инвеститор и проектот „Diamond of Skopje“ ќе биде изведен  навремено и според највисоките стандарди од една од најголемите градежни компании во светот.

Заложбата на Limak Construction е преку „Diamond of Skopje“ да му подари на главниот град уникатен станбено-деловен објект кој ќе понуди ревитализација на дел од метрополата кој беше одамна запоставен, а на граѓаните на Скопје – место во градот на кое можат да бидат горди во иднина.  Како дел од инвестицијата е и изградбата на подземен двонасочен тунел со шест сообраќајни ленти, со вкупна должина од 800 метри, кој ќе биде сместен под „Diamond of Skopje“ и ќе се протега низ целата должина на комплексот.

Формирана уште во 1976 година, Limak Construction низ текот на годините прерасна во една од најголемите градежни компании во Турција и светот. Главно специјализирана за големи, мултифункционални проекти, Limak нуди и инфраструктурни решенија, изведби на енергетски проекти, а особено е фокусирана на проекти со обновлива енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП