3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвеѓаните во просек заработуваат повеќе од 26 000 евра годишно

Швеѓаните во просек заработуваат повеќе од 26 000 евра годишно

Секој шведски државјанин заработува просечно 287.064 шведски круни на годишно ниво, или 26.581 евра.

Како и да е, платите значително се разликуваат меѓу градовите во земјата, според информациите на медиумите.

Според соопштението на Агенцијата за статистика, најголеми плати се забележани во Дандерид, предградие на Стокхолм, каде лани граѓаните заработувале во просек по 383.988 круни годишно или 35.547 евра, јавува investitor.me.

Во соопштението се обрнува внимание на фактот дека мажите продолжуваат да заработуваат многу повеќе од жените, но дека јазот во приходот полека се стеснува, пренесува Танјуг.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП