15 мај, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕЗаменете го сокот со чај или вода и веќе сте направиле нешто...

Заменете го сокот со чај или вода и веќе сте направиле нешто добро за здравјето

Ако секој ден пиете многу сок, ова дефинитивно треба да го прочитате!

Консумирање на само еден засладен пијалок помалку дневно, го намалува ризикот од дијабетес за десет проценти, покажува новата студија.

Научниците откриле дека луѓето кои консумираат многу засладени пијалоци, како и 100 отсто природни сокови, имаат поголема веројатност да развијат дијабетес тип 2. Замената на тие пијалоци со диетални сокови не го намали ризикот кај учесниците во студијата.

Некои претходни студии веќе докажаа дека соковите и засладените пијалоци се опасни по здравјето доколку прекумерно се консумираат, и дека придонесуваат за ризик од рана смрт. Проблемот е, всушност, во високиот внес на шекер, кој го поттикнува развојот на дебелината, а со тоа и срцеви заболувања, што придонесува за развој на отпорност на инсулин и дијабетес тип 2.

Научниците анализирале податоци собрани во изминатите 20 години од 192.000 мажи и жени и откриле дека колку помалку пијат засладени пијалоци, толку се поздрави.

Студијата, исто така откри и дека зголемената дневна доза на засладени пијалоци за само 120 милилитри за период од четири години го зголемува ризикот од развој на дијабетес за 16 проценти!

А, ако учесниците би замениле еден засладен пијалок дневно со вода, кафе или чај, ризикот од дијабетес би бил помал за десет проценти.

Кога станува збор за овошните сокови, иако содржат хранливи материи, и тие треба да се консумираат во умерени количини.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП