3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИUber воведува хеликоптерски превоз до аеродром

Uber воведува хеликоптерски превоз до аеродром

Компанијата ќе им овозможи на корисниците со хеликоптер да бидат транспортирани до аеродромот John F. Kennedy во Њујорк.

Uber се крева на небото над Њујорк, така што од следната недела ќе им овозможи на корисниците со подлабок џеб со хеликоптер да се транспортираат до аеродромот John F. Kennedy.

Компанијата ја претстави услугата Uber Copter и најави дека летовите од долниот Менхетен ќе бидат достапни на сите корисници почнувајќи од 7 октомври, објави Hina, додавајќи дека Uber таа опција на своите премиум корисници им ја даде во јуни.

Приближно осум минути долгиот лет ќе чини помеѓу 200 и 225 долари по човек и ќе вклучува и копнен транспорт.

Лос Анџелес, Далас, Мелбурн…

Патниците со нив можат да носат помал куфер, а во пресрет на полетувањето ќе гледаат снимка со упатства за сигурност, слична на оние на летовите во авионите.

JFK е еден од најголемите аеродроми во САД и од сообраќајниот пренатрупан Менхетен до него потребни се и до два часа, со јавен превоз се стигнува за 50 до 75 минути.

Uber се надева дека нивниот проект Copter ќе го отвори патот за Uber Air, футуристичка такси служба која ќе превезува патници во електрични авиони со вертикални полетувања и слетувања.

Компанијата планира во 2023 година да воведе воздушни услуги во Лос Анџелес, Далас и Мелбурн.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП