27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПораките на Whatsapp наскоро ќе исчезнуваат

Пораките на Whatsapp наскоро ќе исчезнуваат

WhatsApp наскоро ќе започне со тестирање пораки кои ќе исчезнат откако корисникот ќе ги испрати.

Целта на оваа опција е да се зачува приватноста на разговорот така што пораката ќе биде испратена, но ќе има можност да ги „исчисти“ записите кои остануваат, пренесува Independent.

Како што се додава, корисниците ќе можат да постават временско ограничување на пораките. Тоа значи дека ќе можат да се испраќаат на вообичаен начин, но после тоа ќе бидат избришани, за да се спречи можноста некој да ги копира или сними на својот екран.

Засега функцијата е достапна во бета верзија на апликацијата за Android.

WhatsApp сè уште работи на развивање на оваа опција, но сè уште не е јасно кога таа ќе биде достапна за сите корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП