6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHuawei тврди дека веќе продале над милион Mate 30 телефони

Huawei тврди дека веќе продале над милион Mate 30 телефони

Компанијата Huawei тврди дека веќе продала милион примероци на телефонот во рамките на Mate 30 линијата (Mate 30 и Mate 30 Pro). Телефоните во Кина се наоѓаат од 26 септември, така што се достапни помалку од една недела, што ова достигнување го прави уште поимпресивно.

Уште поинтересно е дека бројот на продадени телефони всушност е постигнат за неколку часа, како што најави Ричард Ју за време на отворањето на премиум Huawei продавницата во Шенжен. Вклучувајќи ги и онлајн нарачките, Huawei имаше стапка на продажба од 100.000 уреди во минута.

Засега не е можно да се проверат наводите на компанијата, но Huawei доби силна поддршка од својата земја како одговор на наметнатото ембарго од страна на САД.

Forest Green варијантата се чини дека е најпопуларна, и прва е распродадена. Сега се очекува Mate 30 да се појави во Европа, но сè уште нема одреден датум за почеток на продажбата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП