19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИPayPal првата странска компанија со лиценца за електронско плаќање во Кина

PayPal првата странска компанија со лиценца за електронско плаќање во Кина

PayPal стана првата странска компанија која во Кина доби лиценца за плаќање преку интернет, откако купи 70 проценти од акциите во Guofubao Information Technology Co (GoPay).

Во краткото соопштение, извршниот директор на PayPal, Дан Шулман, изјави дека Кинеската народна банка го одобри купувањето на GoPay, а договорот треба да биде завршен до крајот на годината.

GoPay има лиценца за плаќање, што значи PayPal е првата странска компанија која влезе во кинескиот пазар две години откако Пекинг вети дека ќе се отвори.

На брендовите како Visa и Mastercard не им се одобрени апликации за лиценца, и покрај ветувањето на централната банка минатата година дека домашните и странските даватели на услуги „ќе добијат еднаков третман“.

PayPal ќе може да понуди онлајн, мобилно и прекугранично ренминби плаќање, преземајќи ги пазарните гиганти како што се WeChat Pay и Alipay.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП