24 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSkopje City Mall слави 7ми роденден!

Skopje City Mall слави 7ми роденден!

По повод 7-от роденден Skopje City Mall обезбеди богатата роденденска програма за сите посетители, каде ќе имаат возбудливо шопинг искуство од 4ти до 6ти октомври со големи попусти.

Забавата започнува во петок кога која ќе ја отворат Тино и Атанас од 13:30 до 18:30 часот.

Во склоп на родеденот Нептун во Скопје Сити Мол организира Gaming Event на 05.10.2019г. од 11-15ч на 2-ри кат. За натпреварувачите се обезбедени 100 гејминг награди, а победникот добива: гејмерски стол, гејмерски маус, гејмерска тастатура, гејмерски слушалки и мауспад. Пријавата и учеството се бесплатни, пријавете се и бидете вие шампионот!

Гејминг натпреварот ќе се одвива во гејминг зоната во новата Нептун продавница во Скопје Сити мол на 2-ри кат. Пријавените и селектираните натпреварувачи ќе играат дуели на елиминација по случаен распоред, се до финале каде ќе биде прогласен победникот.

Пријавувањето трае до 02.10.2019 до 23.00ч. Право на учество имаат гејмери со минимум наполнети 16 год. Местата се ограничени! Овој настан е од пријателски и промотивен карактер и без разлика на наградите предпочитаме фер и коректни натпревари и пред се дружба! Пријавете се на овој линк: http://bit.ly/2nR5t1U

А од 18:00 до 19:00 часот ќе биде оркестар Brasset кои ќе шетаат низ трговскиот центар со супер музика!

Од 19:30-21:00 часот ќе настапуваат Александар Митевски и Драган Спасов – Дац.

Во сабота започнува големото шопинг лудило од 10 часот.

  • Со фискална сметка издадена на 05.10.2019 во износ од 5,000.00 ден. до 9,999.00 денари посетителот добива (2) два шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,000.00 денари
  • Со фискална сметка издадена на 05.10.2019 од 10,000.00 до 19,999.00 денари посетителот добива (3) три шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 1,500.00 денари
  • Со фискална сметка издадена на 05.10.2019 од 20,000.00 денари и поголема сума посетителот добива (4) четири шопинг ваучери од 500.00 денари или вкупна вредност на ваучерите 2,000 денари

Се што треба да направите е да дојдете на штандот на Skopje City Mall и да ја прикажете сметката.

А од 17:00 до 21:00 ќе ве забавуваат неколку домашни бендови, кои со сигурност ќе направат незаборавна забава.

Во недела продолжуваат попустите, а на програма имаме од 11 до 13 часот работилници за најмладите, ЛЕГО турнир од 12 до 14 часот. Пријавување за Лего турнир 

Oд 14:00 часот има и гооооолем  детски мјузикл

 

 

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП