18 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИДури и ако не им дадете дозвола, Android апликациите ви ги земаат...

Дури и ако не им дадете дозвола, Android апликациите ви ги земаат личните информации

Многу Android апликации ги преземаат личните податоци дури и кога корисниците не им дале дозвола за тоа, откри новото истражување.

Google го подобри начинот на кој Android OS ги известува корисниците за дозволи кои апликациите ги бараат кога се инсталираат.

Тоа е систем кој е сега многу подобар отколку некогаш што бил, но и понатаму, дури и ако Android ги прашува корисниците дали сакаат да одобрат на апликацијата одредена дозвола, тоа всушност не е важно. Некои апликации ќе повлечат релевантни податоци од телефонот, дури и ако немаат дозвола за тоа.

Студијата која ја објавија научниците од Универзитетот во Калгари, Универзитетот Карлос III во Мадрид и Универзитетот Калифорнија открива дека илјадници апликации прават некои многу сомнителни работи.

Истражувачите создадоа алатка за Google Play која презема 252.864 верзии на 88.113 различни Android апликации. Сите апликации се стартувани во контролирано опкружување кое им овозможува на истражувачите да следат се што прават апликациите.

Најинтересен аспект е дека апликациите добиваат податоци како што се MAC адреси, IMEI број и други информации, дури и кога корисникот им забранува пристап за такви информации.

„Однесувањето кое го документираме во овој труд претставува јасна повреда на приватноста. Од правна перспектива, овие практики веројатно треба да се сметаат за погрешни или на друг начин незаконски“, велат истражувачите.

Единствената добра вест е дека Google е известен за проблемите, а многу од нив се решени во Android 10. Лошата страна е што добар дел од уредите на пазарот не користат Android 10, и тоа нема да се промени наскоро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП