26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПад на каматите на кредитите и депозитите

Пад на каматите на кредитите и депозитите

Според последните статистички показатели на Народната банка, просечната каматна стапка на вкупните кредити, во август, и натаму се намалува сведувајќи се на нивото од 5,13%, што претставува месечен и годишен пад од 0,02 п.п. и 0,36 п.п., соодветно. Просечната каматна стапка на вкупните депозити се задржа на нивото од 1,38% од претходниот месец, додека на годишно ниво забележа пад од 0,04 п.п.

Во август, просечната каматна стапка на новоодобрените2 кредити оствари месечно намалување од 0,07 п.п. и изнесува 4,61%, додека споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е остварено намалување од 0,24 п.п. Просечната каматна стапка на новопримените депозити изнесува 1,10% и на месечна и годишна основа се намали за 0,17 п.п. и 0,44 п.п., соодветно.

Каматни стапки на корпоративниот сектор

Просечната каматна стапка на вкупните кредити одобрени на корпоративниот сектор, во август, забележа пад од 0,04 п.п. и изнесува 4,38%. Притоа, надолната промена се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити без и со валутна клаузула (за 0,05 п.п. и 0,03 п.п. соодветно), во услови на непроменета каматна стапка на кредитите во странска валута. Споредено на годишна основа, кај оваа каматна стапка е забележан пад од 0,43 п.п.

Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор, овој месец, изнесува 4,22%, што преставува месечен пад од 0,02 п.п. Падот се должи на намалувањето на каматните стапки на денарските кредити со и без валутна клаузула (за 0,21 п.п. и 0,04 п.п., соодветно), во услови на раст на каматната стапка на кредитите во странска валута (за 0,20 п.п.). Каматната стапка на новоодобрените кредити на корпоративниот сектор бележи намалување од 0,36 п.п. во однос на август минатата година.

По три месеци непроменето ниво, каматната стапка на вкупните депозити на корпоративниот сектор се намали за 0,03 п.п. и во август изнесува 1,58%. Надолната месечна промена во целост произлегува од падот на каматната стапка на денарските депозити со валутна клаузула (за 0,19 п.п.), при непроменета каматна стапка на депозитите во странска валута и раст на каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,03 п.п.). Анализирано на годишна основа, оваа каматна стапка е пониска за 0,02 п.п.

Во август годинава, просечна каматна стапка на новопримените депозити5 на корпоративниот сектор изнесува 0,89%, што преставува пад за 0,33 п.п. во однос на претходниот месец. Падот е резултат на надолното поместување кај сите компоненти во рамките на оваа категорија: каматните стапки на денарските депозити со валутна клаузула, каматната стапка на депозитите во странска валута и каматната стапка на денарските депозити без валутна клаузула (за 0,44 п.п., 0,14 п.п. и 0,02 п.п., соодветно). Во споредба со август минатата година, оваа каматна стапка бележи годишен пад од 0,60 п.п.

Каматни стапки на домаќинствата

Каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата, во август, изнесува 5,84% и забележа месечен пад од 0,02 п.п. Надолната промена се должи на намалувањето кај сите компоненти во оваа категорија, и тоа кај каматните стапки на кредитите одобрени во странска валута (за 0,03 п.п.) и кредитите во денари без и со валутна клаузула (за 0,02 п.п., соодветно). Гледано на годишна основа, каматната стапка на вкупните кредити на домаќинствата е намалена за 0,34 п.п.

Кај просечната каматна стапка на новоодoбрените кредити на домаќинствата е остварен пад од 0,05 п.п. на месечна основа и таа изнесува 5,22%. Притоа, месечниот пад во целост произлегува од надолната промена кај каматните стапки на денарските кредити без валутна клаузула (за 0,11 п.п.), додека каматните стапки на девизните кредити и денарските кредити со валутна клаузула оствариле раст (за 0,14 п.п. и 0,01 п.п., соодветно). На годишно ниво, оваа каматна стапка забележа намалување за 0,13 п.п.

Просечната каматна стапка на вкупните депозити на домаќинствата, овој месец, не забележа месечна промена и се задржа на нивото од 1,35%. Оваа каматна стапка на годишна основа е намалена за 0,05 п.п.

Во август, кај просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата7 е забележан месечен пад од 0,07 п.п., со што таа се сведе на нивото од 1,23%. Надолната промена произлегува од падот на каматните стапки на депозитите во странска валута и денарските депозити без валутна клаузула (за 0,04 п.п. и 0,02 п.п., соодветно), во услови кога не се примени денарски депозити со валутна клаузула. Просечната каматна стапка на новопримените депозити на домаќинствата бележи пад за 0,36 п.п., споредено на годишна основа.

Извор: НБРСМ

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП