20 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar Land Rover го прекинува производството на една недела поради Брегзит

Jaguar Land Rover го прекинува производството на една недела поради Брегзит

Британскиот производител ќе ги запре своите погони на Островот на почетокот на ноември, за да се справи со евентуалните последици од излегувањето на Обединетото Кралство од ЕУ без договор.

Потсетуваме, моментално како конечен датум за излез на Велика Британија од Европската унија е 31 октомври.

Во компанијата Jaguar Land Rover (JLR) велат дека тие се принудени на прекинување на работата бидејќи немаат друг избор.

„Нас дневно потребни ни се 20 милиони делови за производство да оди според планот, што значи дека мора да се договориме со добавувачите за да го имаме на располагање секој дел и за да го добиеме навреме“, објаснува директорот на JLR, Ралф Спет.

Производството ќе биде привремено запрено за една недела во погоните во Хајвуд, замокот Броме и Солихал, во кои се произведуваат автомобили, како и во фабриката во Вулверхемптон каде се прават моторите.

Во наведените капацитети вкупно се прават речиси третина од сите автомобили произведени во Велика Британија, вклучувајќи ги моделите Land Rover Discovery, Range Rover Evoque и Jaguar F-Type.

JLR не е единствената компанија која најави привремен застој на производството во Британија поради неизвесноста околу Брегзит. Тоа порано го направи и  Toyota, која објави дека застојот ќе трае само на 1 ноември, и BMW, кој на 31 октомври и 1 ноември привремено ќе ги запре машините во фабриката во Оксфорд каде се прават автомобили од марката MINI.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП