23 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple планира да употреби осветлено лого за известувања

Apple планира да употреби осветлено лого за известувања

Apple аплицираше за патент во кој се споменува дека логото на задната страна од телефонот може да послужи како нотификационо светло. Во апликацијата за патентот е наведено како прилагодливото светло на логото може да укаже на настани како што се дојдовни комуникации, потсетници за настани во календарот…

Ова не е прв пат таа идеја да се споменува и користи на телефони. Прво такво нешто спроведе Motorola на минатогодишниот модел Razer Phone 2 и на годинешниот Motorola One Zoom. Во суштина, оваа функција не е нешто претерано важна, но може да биде корисна за брзо идентификување на настани кои сте ги промашиле или кои ве очекуваат.

Кај Apple оваа функција има уште повеќе смисла, бидејќи компанијата има долга историја на користење на осветленото лого (на постарите MacBook компјутери, направени пред 2015 година). Сега (можеби) осветленото лого ќе се врати на Apple производите, но со дополнителна практична функционалност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП