17 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕуростандард банка одговори на Комерцијална банка АД Скопје

Еуростандард банка одговори на Комерцијална банка АД Скопје

“Еуростандард банка АД Скопје денес ја извести Комерцијална банка АД Скопје во врска со нивното обраќање до нас за првичниот интерес за стекнување со нашите акции”, велат од Еуростандард банка.

“Акционерите на Еуростандард банка АД Скопје ги задолжија органите на управување на банката да пристапат кон предходна постапка за размена на информации со цел за успешно стекнување на акциите”, објаснуват од банката.

“Овој процес ги засилува вложувањата на Еуростандард банка АД Скопје во развој на своите услуги и продукти и да ја следи својата мисија за континуиран напредок и развој на своето работење во сите негови сегменти, почнувајќи од човечкиот капитал, технологијата, разновидноста на своите производи и услуги, секогаш имајќи ги во фокус своите клиенти, задоволување на нивните финансиски потреби и секако, нивната успешност”, додаваат од Еуростандард банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП