27 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAmazon Alexa го добива гласот на Семјуел Џексон

Amazon Alexa го добива гласот на Семјуел Џексон

Во обид да привлечат нови клиенти, маркетинг експертите на Amazon смислија интересна стратегија. Покрај стандардниот глас на дигиталниот асистент на Amazon, Alexa, ќе можете да изберете и многу други од кои некои ќе бидат и гласови на познати личности како Самуел Л. Џексон.

Славниот холивудски актер ќе одговори на командите на новите Echo звучници и други уреди, а ваквите напори ја покажуваат желбата на Amazon посериозно да влезе во трката на ова поле со конкурентите од Google и Apple. Покрај полифонскиот режим, Alexa ќе добие и нови опции за заштита на приватноста.

Потпретседателот на компанијата Дејвид Лимп изјави дека опцијата на Amazon за гласови на познати личности ќе чини 0,99 долари. Од лансирањето на Amazon Echo звучниците во 2014 година, повеќе од 100 милиони уреди се купени преку гласовна нарачка, вклучувајќи микробранови печки, правосмукалки, па дури и автомобили.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП