14 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо банкротот на Thomas Cook: Уште 16.000 луѓе треба да се вратат...

По банкротот на Thomas Cook: Уште 16.000 луѓе треба да се вратат во своите домови

Властите во Велика Британија планираат 72 летови за да вратат уште 16.000 луѓе, откако најстарата светска туристичка компанија Thomas Cook прогласи банкрот.

Досега, според агенцијата, вратени се 40 проценти од вкупниот број патници кои летале преку таа агенција, објави Reuters.

Агенцијата во понеделникот наутро објави банкрот по неуспешните преговори со доверителите, оставајќи незгрижени повеќе од 600.000 туристи кои имаат резервирано одмори или веќе се на годишен одмор во различни земји низ целиот свет со аранжман на оваа компанија, објави Reuters.

Поради пропаѓањето на оваа туристичка компанија, стара 178 години, над стотици илјади патници останаа заглавени на дестинации ширум светот, нејзините „ќерки-фирми“ во други земји бараат помош, а хотелиерите на многу дестинации се загрижени поради можниот намален број на туристи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП