Компанијата „VUHL“ официјално го претстави својот најнов спортски автомобил, моделот 05 на церемонија која се оддржа во „Royal Automobile Club“ во Лондон.
Овој модел се карактеризира со 2.0L „EcoBoost“ четирицилиндричен мотор кој развива вкупна моќ од 285ks и 420Nm вртежен момент, инаку овој агрегат е поврзан со шестстепен мануелен менувач.
За забрзување од 0 дo 100km/h потребно му е 3.7 секунди, додека максималната брзина која може да ја постигне е 244km/h.
Производството на VUHL 05 ќе започне овој ноември и планирано е годишно да се изработуваат само 50 примероци. Се очекува првата испорачка да почне во пролет следната година.