2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИзгубија 56 милијарда долари: Говорот на Трамп ги собори акциите на технолошките...

Изгубија 56 милијарда долари: Говорот на Трамп ги собори акциите на технолошките гиганти

Говорот на Трамп во Генералното собрание на ОН доведе до пад на вредноста на акциите на некои од најголемите технолошки компании за дури 56 милијарди долари, објави Bloomberg.

Комбинираниот пазарен индекс на акции FAANG, составен од Facebook, Amazon, Apple, Netflix и Google, значително се намали по негативните забелешки на Трамп за порастот на моќта на социјалните мрежи, што претставуваше сигнал на инвеститорите дека би можело да дојде до зголемен надзор на американските федерални антимонополски тела.

По зборовите на Трамп во ОН дека социјалните мрежи се здобиваат со „огромна моќ“ и дека „слободното општество не може да им дозволи на гигантските социјални мрежи да го замолчат гласот на народот“, како и за делови за разговори за тензиите во трговските односи со Кина, композитниот индекс Nasdaq падна за 1,7 проценти.

Bloomberg на својата страница наведува дека вредноста на акциите на Facebook и Amazon се намалени за два проценти, најмногу од август, Netflix за 4,4, а Microsoft за 1,5 процент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП