20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропскиот суд ја поништи одлуката за милионската казна за Starbucks

Европскиот суд ја поништи одлуката за милионската казна за Starbucks

Европскиот суд ја поништи одуката на Европската комисија, која на тој американски ланец што се занимава со пијалоци од кафе, парично го казни поради привилегии за плаќање данок во Холандија.

Пред Општиот суд на ЕУ со седиште во Луксембург, заврши судскиот процес Starbucks против Европската комисија.

ЕК претходно донесе одлука според која Starbucks имал противзаконски бенефиции за намален данок во Холандија, но Европскиот суд ја поништи таа одлука.

Во одлуката се наведува дека договорот помеѓу Starbucks и холандските власти, кој на компанијата и дозволува да плаќа намалени даноци, не спаѓа под „нелегална јавна поддршка“.

Европската комисија во 2015 година донесе одлука дека даночните олеснувања дадени на американскиот ланец за кафе во Холандија се незаконски, и затоа Starbucks треба да плати казна во вредност од 30 милиони евра.

Starbucks и Холандија потоа поднесоа тужба против Европската комисија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП