29 јуни, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАНајпосетените интернет страни во светот

Најпосетените интернет страни во светот

Google_Energy-Mag

„Google.com“ ја предводи листата на најпосетени интернет страни во светот. Видете кои се 10-те најпосетени сајтови во светот денес:

10. „Bing.com“ – 4.000 посетители во минута

Прелистувачот е сопственост на „Microsoft“.

9. „Twitter.com“ – 4.700 посетители во минута

Создаден е во март 2006-та година од Џек Дорси. Има 200 милиони корисници во 2013-та година.

8. „Ebay.com“ – 4.900 посетители во минута

Компанијата е основана во 1995-та година од Пјер Омидијер.

7. „Amazon.com“ – 5.800 посетители во минута

Формирана е од Џеф Безос во 1994-та година. Тука може да купи се, од различни делови на светот.

6. „MSN.com“ – 7.600 посетители во минута

Порталот е основан во 1995-та година од „Мicrosоft“.

5. „Wikipedia.org“ – 8.200 посетители во минута

„Wikipedia.org“ е основана во 2001-та година од страна на Џими Велс и Лери Сангер. Онлајн енциклопедијата има 300 милиони статии на 286 јазици.

4. „Youtube.com“ – 10.500 посетители во минута

Создаден е во 2005-та година од страна на Стив Чен, Чад Харли и Џауед Карим. Во 2006-та година компанијата беше купена од „Google“.

3. „Yahoo.com“ – 11.600 посетители во минута

Создаден е во 1995-та година од Џери Јанг и Дејвид Фило. Тоа е најголемиот онлајн портал во светот.

2. „Facebook.com“ – 16.300 посетители во минута

Создаден е во 2004-та година од страна на Марк Цукерберг со помош на Едуардо Северин, Ендрју Маколом, Дастин Московиц и Крис Хјуз. Има над 1 милијарда активни корисници до 2013-та година.

1. „Google.com“ – 21.000 посетители во минута

Прелистувачот е основан во 1997-та година од Сергеј Брин и Лари Пејџ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП