9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИндонезискиот авион се урна поради пилотска грешка и новиот систем MCAS

Индонезискиот авион се урна поради пилотска грешка и новиот систем MCAS

Индонезиските истражители открија дека ново ажурираниот систем за подобрување на маневарските карактеристики и пропустите на пилотот одиграле клучна улога во падот на Boeing 737 MAX на компанијата Lion Air минатата година, објави весникот The Wall Street Journal.

Авионот падна во море 11 минути откако полета од меѓународниот аеродром Soekarno-Hatta во Џакарта на 29 октомври 2018 година.

Се претпостави дека сите се загинати на летот.

Нацрт извештајот за несреќата на авионот кој требаше да биде објавен на средината на ноември, наведува голем број пилотски грешки и пропусти во одржувањето на авионот како причински фактор за несреќата.

Истражителите го проверија новиот додаток на Boeing, системот MCAS, за подобрување на маневрските карактеристики.

Системот е воведен во новата генерација на Boeing 737 со цел да се спречи превисоко издигнување на носот на авионите.

Но, се чини дека за падот на Lion Air, тој систем предизвикал паѓање на авионот поради погрешни читања на сензорите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП