19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска поскапи цени на бензините и дизелот

Од денеска поскапи цени на бензините и дизелот

Малопродажната цена на бензините од ноќеска на полноќ се зголемија од два до 2,5 денари, додека на дизелот за 1,5 денар.

Новата цена на Еуросупер БС-95 сега изнесува 69,50 денари за литар, на Еуросупер БС 98 – 72 денари, а Еуродизелот се продава по 64 денари за литар. За еден денар се зголеми цената на Екстра лесното масло за домаќинство и изнесува 53,50 денари за литар.

Зголемување има и кај малопродажната цена на мазутот кој сега ќе се продава по 34,034 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат зголемување кај бензинот во просек за околу 8,97 отсто, кај дизелот има зголемување во просек за околу 5,35 отсто, кај екстра лесното масло зголемување во просек за околу 4,39 отсто и кај мазутот зголемување во просек за околу 10,77 отсто.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,6238 денари за долар и е за 0,39 отсто понизок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП