Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 10,689.14 -2.96%    BGOR 196.00 -2.97%    DLIN 35,143.00 0%    FERS 73,235.00 -3%    GRNT 1,029.70 1.77%    KMB 5,497.72 -1.15%    KVAS 14,400.00 0%    MPT 72,169.12 -2.46%    MTUR 5,300.00 0%    OHB 6,150.00 0%    REPL 77,500.00 2.65%    RMDEN18 98.70 0%    RZUS 83.00 0%    STB 1,152.61 -0.64%    STIL 99.00 -2.09%    TETE 2,341.25 -0.41%    TTK 1,380.00 1.6%    UNI 2,151.02 -1.74%    

Презентиран новиот закон за данок на моторни возила

Време: 15:17

Датум: септември 20, 2019

Категорија: ЕКОНОМИЈА

За да се смени состојбата со возниот парк во земјава, а во насока на намалување на загаденоста на воздухот и заштита на животната средина, Царинската управа подготви Предлог закон за данок на моторни возила кој има за цел да го намали и обесхрабри купувањето на возила кои не се енергетски ефикасни и кои ја загадуваат животната средина, без притоа да се загрози добро состојбата на граѓаните од социјален и економски аспект. Новите законски одредби се очекува да придонесат за зголемување на уделот на возила кои се енергетски ефикасни и кои нема да придонесуваат кон зголемено загадување на животната средина.

Ова беше истакнато на вчерашната средба на претставници на Царинската управа со дистрибутерите на нови возила во земјава на која увозниците на нови возила беа запознаени со предложените законски одредби и бенефитите кои од нив ќе ги има државата. Притоа, беше посочено дека станува збор за прв закон со кој се излегува од фискалниот аспект и приоритет добива еколошкиот аспект. Имено, приходот од данокот на возила, во споредба со приходите остварени од наплатата на сегашната акциза од патничките автомобили, се очекува да остане во истите рамки.

Со новиот Закон точно се дефинирани моторните возила кои се предмет на даночење и возила кои не се предмет на даночење, како и категории на возила кои се ослободуваат од плаќање данок на моторни возила. Па така електричните возила се изземени од обврската за плаќање данок на моторни возила. За да се стимулира замена на возниот парк во делот на бизнисот, доставните возила од типот “van” и комби возила кои спаѓаат во категоријата на товарни возила и се наменети за превоз на стоки се исто така изземени од плаќање на данок на моторни возила. Патнички комби возила за превоз на 8 или 9 патници, за амбулантни возила, за возила за превоз на починати лица и кампер возила исто така се изземени од обврската за плаќање данок или е предвиден поврат на дел од платен данок за моторни возила.

За останатите категории возила е подготвена посебна методологија за пресметка на данокот при увоз каде, освен цената во возилото, ќе се зема предвид и емисијата јаглерод диоксид – CO2. Начинот на пресметка ќе биде преточен во посебна Уредба која ќе ја донесе Владата. Според новата методологија еколошките возила кои се и технолошки понови добиваат бенефит во рамки на оданочувањето наспроти возилата со иста вредност а кои се технолошки постари и се со повисоки износи на емисија на јаглерод диоксид – CO2. Со ова еколошките возила со пониска стапка на емисија на CO2 стануваат економски поисплатливи за набавка во однос на оние кои имаат повисок степен на загадување со CO2.

Заради усогласување со препораките и добрата пракса во повеќето земји на ЕУ, воведени се нови категории возила кои се предмет на даночење, мотоцикли и скутери со зафатнина над 50 см3, четирицикли или “ATV” возила, “pick-up” возила, а со цел воведување на еколошка компонента на даночење во зависност од нивото на емисија на јаглерод диоксид – CO2.и нивото на емисија преку Euro норма.

Увозниците на нови возила го поздравија новиот Предлог закон и во дискусијата се разјаснија одредени дилеми, особено во однос на данокот на хибридните возила.

Mинатата година во земјава беа увезени 37.000 возила. Од нив 88 отсто биле стари употребувани возила, при што од оваа категорија речиси 90% биле дизел возила.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Wall Street и европските берзи ja завршуваат неделата “во црвено”

    Акциите на Wall Street паднаа поради загубите на технолошките компании, но пазарот се уште е на добар пат да прокнижи втора недела на добивки поради…

  • Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Народната банка ја продлабочува соработката со меѓународните финансиски институции

    Во рамки на Годишните средби на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Групацијата на Светската банка (СБ), делегацијата предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска…

  • Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Баркли: Договорот со ЕУ за Брегзит не е лош за економијата

    Британскиот министер задолжен за излегување на Велика Британија од Европската унија, Стивен Баркли изјави денеска дека не се согласува со оценката на гувернерот на Банката…

  • Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Почна најдолгиот лет во светот, научници го следат однесувањето на патниците

    Авиокомпанијата „Квантас“ вчера вечер го почна најдолгиот комерцијален лет во светот што ќе ги поврзе Њујорк и Сиднеј и ќе трае 20 часа. Авионот би…

  • Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка со 120 милиони долари ќе поддржи пет проекти во земјава

    Светската банка ќе даде поддршка од околу 120 милиони долари за финансирање на пет проекти во Северна Македонија, со кои ќе се подобри локалната инфраструктурата,…

  • Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец

    Времето во Република Северна Македонија ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб ветер од јужен правец. Утринската температура…

  • ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    ЕУ го возвраќа ударот на Америка: “Не ни оставате друга опција”

    Европската комисија објави денеска дека планира да воведе реципрочни мерки како одговор на тарифите на САД кои се воведени поради субвенционирање на Airbus. „Жалиме за одлуката…

  • Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Словенците го зголемуваат лимитот за плаќање со бесконтактни картички од 15 на 25 евра

    Во Словенија од денес лимитот за еднократни плаќања со бесконтактните картички Maestro, Mastercard i Visa се зголемува од 15 на 25 евра. POS терминалот на продажно место…

  • Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Ангеловска-МекДауел: ЕИБ ќе финансира околу 80 милиони евра за изградба на Пречистителна станица Скопје

    Со околу 80 милиони евра Европската инвестициска банка (ЕИБ) ќе влезе во финансирањето на Пречистителна станица за отпадни води Скопје. Од овие средства околку 10…

  • Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Италијаните даваат „супер бонус“ за плаќање со картички

    Премиерот на Италија, Џузепе Конте вети „супер бонус“ на секој кој ќе се префрли од готовина на плаќање со картички. Тоа е дел од напорите…